1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирискиот режим не верува веќе во победа

Кругот околу сирискиот претседател Башар ал-Асад се стеснува. Неговиот заменик не верува во победа над бунтовниците. Сојузникот на Асад, Иран, предлага формирање преодна влада во Сирија.

Сирискиот режим не верува веќе во победа во граѓанската војна која се води во земјата. Заменикот претседател Фарук ал-Шараа за либански весник изјави дека ниту трупите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, ниту бунтовниците можат да извојуваат воена победа. Конфликтот, според него, може да биде решен само преку формирање влада на национално единство.

Faruk al-Scharaa Vizepräsident Syrien

Фарук ал-Шараа

Иран, најважниот сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад во регионот, се изјасни за воведување уставни реформи и избори во Сирија. Според Техеран, владата и бунтовниците во земјата треба да формираат Национален комитет на помирување како преоден чекор и можност за создавање преодна влада. Ова го изјави претставник на министерството за надворешни работи на Иран, истовремено повикувајќи ги владата и бунтовниците да прекинат со борбите.

Истовремено, агенциите јавуваат и за знаци на промена на ставот на Москва. Руски дипломат го повикал претседателот на опозициониот сириски сојуз „Национална коалиција“, Муас ал-Хатиб, за да договори средба со него. Агенцијата ДПА информира дека тема на оваа средба треба да биде формирање преодна влада во Сирија. Кина и Русија досега во Советот за безбедност на ОН спречуваа донесување резолуција со осуда на Асад.

Поврзана содржина