1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирискиот премиер преживеа атентат

Врз сирискиот премиер Ваел ал Халки беше извршен бомбашки напад. Според информации на државните медиуми, тој атентатот го преживеал неповреден.

Нападот врз колоната возила на премиерот Ваел ал Халки бил извршен во населбата Ал Месе, односно во западниот дел на главниот град Дамаск. „Доктор Ваел ал Халки (на насловната фотографија) се чувствува добро и нималку не е повреден“, информираше државната телевизија.

Според очевидци убиен бил еден телохранител. Возачот на ал Халки и уште еден телохранител биле тешко повредени, соопшти опозиционата Сириска опсерваторија за човекови права.

Експлозивот депониран во еден автомобил, според службени извори бил детониран во моментот кога минувал конвојот. Бунтовниците на интернет објавија видео на кое се гледаат облаци чад над местото каде што бил изведен нападот. Податоците од Сирија не можат да бидат проверени од независна страна.

Ал Халки ја презема функцијата премиер минатиот август, откако неговиот претходник Риад Хиџаб застана на страната на опозицијата и пребега во Јордан.