1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирискиот конфликт се прeфрлува и во Либан?

Државите од Персискиот залив ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради се’ понестабилната безбедносна состојба во оваа соседна земја на Сирија.

Сирискиот конфликт се заканува да се префрли и во Либан. Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Либан поради закани за нивната безбедност.

Амбасадара на Емиратите во Бејрут добила информации за закани против државјаните на оваа земја во Либан, која е поврзана со тешкиот пoлитички контекст во земјата, соопшти министерството за надворешни работи во Абу Даби. Катарската амбасада во Бејрут ги повика Катарците, со оглед на тензиите во Либан, веднаш да ја напуштат земјата. Либанските медиумија претходно јавија дека сличен апел упатила и амбасадата на Саудиска Арабија.

Претходно вооружени шиити во Либан киднапираа повеќемина Сиријци. Поглаварот на шиитскиот клан во Либан порача дека на ваков начин треба да се издејствува ослободување на неговите роднини, кои биле грабнати во Сирија од страна на тамошната опозиција. Меѓу киднапираните во Либан има и еден лидер на Слободната сириска армија, како и еден турски државјанин. Инцидентот се случи во либанскиот регион, контролиран од шиитската екстремистичка организација Хезболах, која има поддршка од властите во Сирија и во Иран.

Во Либан има како приврзеници, така и противници на сирискиот претседател Башар aл Асад. Државите од Персискиот залив, пак, ја поддржуваат сириската опозиција.