1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирискиот конфликт се проширува на Либан

Во Либан повторно дошло до судири меѓу противници и приврзеници на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во сирискиот град Дараја, пак, погребани се повеќе од 300 жртви на нов масакр. Се’ повеќе луѓе бегаат од земјата

И покрај масивното присуство на армијата во градот Триполи во северен Либан повторно имало вооружени судири меѓу поддржувачите и противниците на сирискиот режим. Притоа загинало едно лице, а шест биле ранети, јавуваат либански безбедносни извори за светските новински агенции. Меѓу повредените има и тројца војници, кои се грижат за мирот на улиците на градот.

Присуството на армијата во Триполи е масовно зајакнато, откако во минатиот понеделник дојде до борби меѓу призврзаниците и противниците на Башар Ал Асад. Оттогаш наваму во судирите загинале 16 луѓе, а повеќе од 100 се ранети. Во источниот дел на Триполи живеат припадници на алавитското религиозно малцинство на кое му припаѓа и сирискиот претседател и сунити, коиги поддржуваат бунтовниците во Сирија.

Масовен погреб по масакрот

Во предградие на Дамаск, според наводи на сириската опозиција во масовна гробница биле погребани голем број луѓе. Станува збор за жртвите на масакрот во местото Дараја во кој според различни извештаи на бунтовниците во земјата биле убиени меѓу 300 и 630 лица. Независна потврда за овие информации нема.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека меѓу жртвите има жени и деца. Луѓето биле убиени со огнено оружје во групни егзекуции.

Сирискиот претседател Башар ал Асад пак во текот на вчерашниот ден порача

Flüchtlinge aus Syrien im Irak

Бегалци од Сирија

дека Сирија ќе се избори со странскиот заговор против неговата земја, „Народот на Сирија нема да дозволи овој заговор да ги постигне своите цели“, изјавил Асад за сириската национална телевизија.

Ова што сега се случува не се однесува само на Сирија туку на целиот регион. Бидејќи Сирија е камен темелник, таа е цел на странските сили, а нивниот заговор се шири по целиот регион, нагласи Асад.

Бегство во неизвесност

Јордан во меѓувреме апелираше до меѓународната заедница за поголема поддршка во згрижувањето на бегалците од Сирија. Повеќе од 2.000 сириски бегалци на ден пристигнуваат во Јордан, соопшти министерот за информирање на оваа земја -сосед на Сирија, Самих Маџтах.

Само во петокот во Јордан пристигнале повеќе од 2300 лица од Сирија. Тоа бил најголем прилив на бегалци во текот на еден ден од почетокот на конфликтот во соседната земја. Во меѓувреме околу во Јордан прибежиште побараа околу 160 илјади сириски бегалци. Организацијата на Обединетите нации апелираше до своите земји-членки за донации и помош за бегалците. Досега според наводите на Светската Организација пристигнати се само половина од побараните 190 милиони долари. Конфликтот во Сирија трае веќе 17 месеци.

Според информациите на невладините организации во бунтот против режимот на претседателот Асад досега загинале најмалку 25 илјади луѓе.