1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сирискиот конфликт го засени самитот на Г8

Самитот на Г8 по првиот ден се презентираше во две светлини: како успех се толкува сигналот на ЕУ и САД за старт на светска слободна трговска зона, додека разговорите околу сирискиот конфликт западнаа во ќорсокак.

Средбата на американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега, Владимир Путин, не донесе никаков напредок. За темата Сирија двајцата имаат различни ставови, изјави Обама синоќа по напорниот разговор со Путин во Енискилен во Северна Ирска.

Тоа се поклопува со проценките на дипломатите кои уште пред средбата беа исклучително скептични околу пронаоѓањето заеднички пристап во сирискиот конфликт во завршната декларација ан самитот. Германската канцеларка Ангела Меркел и останатите западни шефови на држави или влади сепак се надеваа да го придобијат Путин за дипломатско решение.

Дистанцирани и непопустливи

Прес-конференцијата на Обама и Путин (на насловната фотографија) покажа колку се лоши и заладени односите на двајцата претседатели. Тие речиси не се погледнуваа меѓусебно. Мимиката и гестовите на двајцата политичари носеа печат на дистанцираност. Сепак, тие најавија подготвеност и натаму да се бара политичко решение за запирање на крвопролевањето во Сирија. Во тамошната граѓанска војна досега загинаа веќе 93 илјади луѓе.

Русија го снабдува режимот на сирискиот претседател Асад со оружје, што смета дека е легитимно:

„Ние не прекршуваме ниеден закон или правило и ги повикуваме нашите партнери да се однесуваат на ист начин“, изјави рускиот претседател на разговорот со британскиот премиер Дејвид Камерон. Едно е јасно: како реакција и на однесувањето на Русија, САД, Велика Британија и Франција веќе не исклучуваат лиферување оружје на сириската опозиција.

Германската влада, пак, тоа го отфрла. Канцеларката Ангела Меркел и на самитот во Северна Ирска се залага да се инсистира на убедување на Путин.

„Позициите се се‘ уште многу оддалечени. Дали ќе успее нивното приближување, денес не можам уште да кажам“, рече таа, дополнувајќи: „Советот за безбедност на ОН досега не најде заеднички став за Сирија“. „Тоа е охрабрување за режимот на Асад да продолжи онака како што постапува“, вели Меркел.

G 8 Treffen in Nordirland Cameron Merkel

Ангела Меркел и Дејвид Камерон

Поголема благосостојба преку слободна трговија

На политичката дилема и контрира економски успех: ЕУ и САД со договорот за слободна трговија сакаат за своите 800 милиони граѓани да обезбедат поголема благосостојба и работни места. Преговорите треба да започнат во Вашингтон уште во јули. Од страна на ЕУ за големиот проект кој треба да обезбеди подобар живот на идните генерации зборуваа претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо, и претседателот на Советот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој. САД и ЕУ се наоѓаат во силна конкуренција со нации во економски подем како Кина, Индија и Бразил.

Се работи за укинување на царините и останатите трговски пречки. Нејансо е кога ќе профункционира договорот за слободна трговија:

„Не можам да ви кажам точно колку ќе траат преговорите“, изајви Барозо, споменувајќи рок од неколку години. Првично се поменуваше 2015 година.

Обама на пат кон Берлин

Американскиот претседател задоволно најави срарт на првата рунда преговори за слободната трговска зона за 8 јули во Вашингтон. Четири и пол години од стапувањето на функцијата, Обама вечер првпат доаѓа во Берлин. За време на 26-часовната посета тој ќе одржи говор пред Бранденбуршката порта.