1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската опозиција добива политичка тежина

Во конфликтот во Сирија, Европската унија полага на засилување на опозициониот сојуз - Сириска национална коалиција.

Министрите за надворешни работи на Европската унија го признаа опозициониот сојуз - Сириска национална коалиција како „легитимен застапник“ на сириското население. Оваа формулација е посилна од онаа во ноември, изјавија дипломати. Тогаш министрите ја именуваа коалицијата како „легитимен застапник на надежта на сирискиот народ“.

Националната коалиција е политички зајакната, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по средбата со колегите од ЕУ во Брисел. Ова ќе придонесе да продолжи „процесот на ерозија“ на режимот на Башар Ал Асад.

Германија вчера донесе одлука за протерување на четворица соработници на сириската амбасада во Берлин. Министерот за надворешни работи Вестервеле изјави дека тоа е јасен сигнал „дека ги редуцираме односите со режимот на Асад на апсолутен минимум“. Сириските дипломати имаат рок до четврток да ја напуштат Германија.