1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската опозиција длабоко раскарана

Дводневната средба на сириската опозиција во Каиро ја изнесе на виделина поделеноста меѓу различните групи. И покрај сите разлики меѓутоа тие се единсвени во ставот дека, претседателот Асад мора да си замине.

Дводневата средба на сириската опозиција во Каиро заврши во хаос. Како што информираат учесници на конференцијата, делегатите се напаѓале и навредувале меѓусебно до таа мерка што присутните жени почнале да плачат. Ваквиот развој го поттикнала одлуката на сириските Курди да ја напуштат средбата. Конференцијата не го призна статусот на курдско малцинство, изјави Абдел Асис Отма од Националниот совет на Курдите. Повеќе опозициски групи исто така повремено ја прекинуваа конференцијата.

Assad Syrien Porträt Interview

Асад профитира од разидинетата опозиција и меѓународна заедница

Сепак и покрај сите разлики поделената сириска опозиција постигна согласност дека нов почеток е можен само ако се повлече претседателот Башар ал-Асад. Политичкото решение на конфликтот мора да почне со симнување на Асад, се вели во завршната декларација од средбата во Каиро. Тие се согласија и да дадат поддршка за опозициската Слободна сириска армија. Опозицијата не е единствена околу евентуална странска воена интервенција.

Опозицијата во Сирија досега не успеа да ги обедини различните етнички и религиозни групи и затоа се’ уште се бори за меѓународно признавање. Поделеноста меѓу противниците на режимот на претседателот Башар ал-Асад е една од причините зошто и по 16 месеци од почетокот на конфликтот тој се’ уште е на власт. Асад профитира и од неединството на меѓународната заедница. Русија досега спречува ОН да воведат санкции против Сирија.