1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската опозиција бара помош

Состојбата во опколениот сириски град Кусаир се влошува. Опозицијата го повика Црвениот крст да им помогне на повредените. Сирискиот претседател објави дека пристигнале руските ракети.

Претседателот на Сирија Башар ел Асад смета дека неговите трупи во борбите со бунтовниците во меѓувреме ја презеле превласта. Односот на силите се поместил комплетно во корист на армијата, изјавил Асад во снимено телевизиско интервју, од кое цитати однапред објави либанскиот весник „Ал Акбар“.

Bashar al-Assad

Башар ел Асад

За тоа придонеле и модерните руски ракети за против-воздушна одбрана од типот С-300. Првата испорака на руски ракети за Сирија веќе пристигнала, откако Москва претходно ја најави испораката. Ова наиде на жестока критика во САД, Франција и Израел.

Сириските бунтовници во градот Кусаир каде се водат жестоки борби во меѓувреме испратија драматичен повик за помош. Националната сириска коалиција во Истанбул соопшти дека во тешко оштетениот град недостасуваат лекари, санитетски работници и прва помош.

Со оглед на офанзивата на владините трупи и шиитските Хезболах- милиции било невозможно да се евакуираат стотици повредени или да им се пружи медицинска помош однадвор, соопштија акивисти од градот на границата кон Либан. Кусаир стана централно место на борбите во граѓанската војна, бидејќи таму либанскиот Хезболах отворено се вклучи во војната.