1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската војска го нападна Хомс

Трупите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад започнаа денеска офанзива во областа која е под контрола на вооружената опозиција во Хомс, третиот според големина град во земјата.

Опозициските активисти јавуваат за комбинирани напади на авијацијата, артилеријата и пешадијата врз квартот Калидија, а државните медиуми известуваат за големи успеси на владините сили. Нападот врз упориштата на бунтовниците во Хомс следуваат откако владините сили на кои им се приклучуваат борци на либанското движење Хезболах остварија успеси во операциите за ставање под контрола на приградските населби и во пограничната област кон Либан.

Овие успеси ја консолидираа контролата над коридорот кои го поврзуваат главниот град Дамаск со планинските области над медитеранскиот брег каде што живее алавитското малцинство на коешто му припаѓа и претседателот Асад.

Според најновите податоци, во 27-месечните судири во Сирија убиени се повеќе од 100 илјади луѓе, а околу 1,7 милиони избегаа во странство.