1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската власт прогласи крај на бунтот

Сириското раководство тврди дека пропаднал обидот за негово соборување. Целта сега е-стабилност и реформи. Во меѓувреме продолжуваат борбите меѓу владините трупи и опозицијата.

default

LITÄT

Обидот за уривање на режимот во Сирија пропадна еднаш засекогаш, изјави портпаролот на сириското министерство за надворешни работи, алудирајќи на бунтот на опозицијата што прерасна во вооружен конфликт со режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Сириската армија ќе се повлече од станбените квартови, штом таму ќе се воспостави безбедноста и мирот, изјавил Џихад Макдеши во моментот додека владините сили се обидуваат да ги заземат бунтовничките упоришта во земјата.

„Борбата чија цел е да се урне сириската држава, засекогаш пропадна, а почнува една друга битка, битката за консолидација на стабилноста и изградбата на нова Сирија“, изјавил портаролот Макдеши за сириската државна телевизија, пренесува официјалната новинска агенција Сана.

Силите на режимот на претседателот Башар ал-Асад речиси цела година се судираат со припадниците на вооружената опозиција и дезертираните војници коишто ја формираа Војската на слободна Сирија.

Според информациите на сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, најмалку седум лица, наводно повеќето цивили, се убиени денеска (31.03.2012) во Сирија, кога, според Опсерваторијата, припадниците на

безбедносните сили пукале врз лица присутни на погребот на демонстранти убиени претходниот ден во областа на главниот град Дамаск. Во југозападниот дел од сириската престолнина, во населбата Кафар Суса, неколку лица се ранети кога безбедносните сили стрелале врз неколку илјади луѓе коишто присуствувале на погреб на демонстранти убиени во текот на антивладините протести од петокот, соопшти Опсерваторијата од Лондон.