1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската влада гранатира во повеќе градови

Денеска во близина на сирискиот главен град Дамаск избувнаа судири меѓу армиските дезертери и сириските владини сили, информираат опозициони активисти. Продолжуваат и бомбардирањата во Хомс.

Силите на Башар ал-Асад убија најмалку четири цивили. Тие интензививно бомбардирале позиции на опозицијата во квартови во сирискиот град Хомс. Нивна цел е да се задуши револтот на демонстрантите кои бараат негова оставка.

„Ова е најнасилниот оган во нападот на Хомс, кој започна пред шест дена. Меѓу четирите жртви има и 55 годишна жена. Тие беа убиени при гранатирањето што ја погодило нивната зграда, каде живееле во Баб Амро“, изјави опозициониот активист Мохамед Хасан.

Бројката на загинати не може независно да се потврди, бидејќи Сирија го ограничува пристапот во земјата за најголем дел од странските новинари. Но, на ЈуТјуб се појави снимка од болницата во Баб Амро, на која доктор покажува дека починатата жена, мајка на три деца, е погодена со шрапнел во главата.

Гранатирања и во нови области

Kämpfe in Syrien Luftaufnahme von Homs

Снимка од воздух на која се гледаат последиците од нападите во Хомс

Тешко оружје се користело и во областа на Рееф Дамаск во предградието на главниот град, каде се воделе борби меѓу армиските дезертери и владините трупи, но од таму нема информации за повредени или настрадани.

Владините сили започнале со гранатирање и во областа Кусаир, во близина на северната граница со Либија, информира активистот Хани Абдула, кој е стациониран во Дамаск.

„Сириските трупи го гранатираат Кусаир од раните утрински часови, бидејќи многу активисти и дезертери се префрлија во оваа област“, потврди и активистот Рабу Раад.

Сириската државна новинска агенција пренесе изјава од министерот за внатрешни работи во која тој вели дека ќе го „збрише тероризмот“ и „фати оние кои ја компромитираат државната безбедност и граѓаните“.

За случувањата во Сирија Генералното собрание на ОН во понеделник треба да одржи дебата, на која ќе се обрати и Високиот комесар зза човекови права на ОН Нави Пилај. Неговиот портпарол изјави дека тие веруваат оти случајот треба да заврши пред Меѓународниот суд на правдата.

Автор: Александар Методијев /ројтерс/дпа

Редактор: Александра Трајковска