1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Синот на Гадафи преговара со Меѓународниот кривичен суд

Претставници на Меѓународниот кривичен суд во Хаг потврдија дека се во неформален контакт со синот на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам и преговараат за негово предавање на судот.

default

Синот на Моамер ел Гадафи, Саиф ал Ислам

Контактите меѓу Меѓународниот кривичен суд и Саиф ал Ислам се одвивале преку посредници. Од Хаг му порачале на синот на Гадафи дека е невин се’ додека пред судот не се докаже неговата евентуална вина за воени злосторства во земјата.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг Луис Морено-Окампо денеска изјави дека поддржува индиректен контакт со Сеиф ал Ислам, за можноста тој да се предаде и да му се суди. Тој истакна дека не знае каде точно се наоѓа Сеиф ал Ислам.

Luis Moreno Ocampo Konferenz Den Haag Libyen

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Луис Морено-Окампо

Главниот обвинител на МКС додаде дека анонимни платеници предлагаат да најдат засолниште за синот на Гадафи во некоја африканска земја, која не соработува со МКС. Според него една од нив може да биде Зимбабве.

НАТО прогласи крај на мисијата во Либија

НАТО ќе прогласи крај на седуммесечната воена мисија во Либија на 31 октомври, соопшти Алијансата. Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен објави дека воената мисија е завршена, и покрај барањата на привремената либиска влада за продолжена поддршка. Во текот на мисијата која имаше за цел уривање на режимот на Моамер Гадафи, воени авиони на НАТО извршиле 26 илјади прелети и бомбардирале околу 6 илјади цели на либиска територија.

Автор: БГ/ СН/ афп/ мф/ ртр

Редактор: Александра Трајковска