1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Синот на Гадафи побегна во Нигер

Еден од синовите на Гадафи пребегна во соседниот Нигер, потврдија тамошните власти. Преодната влада во Либија, пак, најави дека ќе го рестартира производството на нафта.

default

Сади Гадафи

Еден од синовите на поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи пребега во соседен Нигер, соопшти нигерискиот министер за правда и портпарол на владата, Мару Амаду. Тој информираше дека станува збор за Сади Гадафи (38), поранешен фудбалер, кој во 2004 година се откажа од фудбалската кариера и се посвети на армијата, каде што беше на чело на една елитна единица.

„Нигериските вооружени сили пресретнаа вчера конвој во северниот дел од државата, во кој се наоѓаше и еден од синовите на Гадафи“, изјави Амаду, додавајќи дека е можно конвојот денеска да пристигне во главниот град Ниамеј.

Претходната недела конвој со блиски соработници на Гадафи пристигна во Агадес, град на северот на Нигер.

Најава за скоро формирање преодна влада во Либија

Преодниот национален совет на Либија ќе формира привремена влада најдоцна за десет дена, соопшти неговиот шеф, Махмуд Џибрил. Тој најави и дека по промената на власта, во Либија, која е опустошена од граѓанската војна, повторно започнало производството на нафта. Без да наведе детали, тој најави зголемување на производството. Либија ги поседува најголемите нафтени резерви во Африка. Пред соборувањето на либискиот властодржец Гадафи, земјата околу 85 проценти од нафтата ја извезуваше во Европа.

Автор: ЖА/ БГ/ дв

Редактор: Александра Трајковска