1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сините шлемови првпат во активна борбена мисија

ОН и‘ доделија на мисијата на сините шлемови во Конго мандат каков што досега овие сили немале - со резолуција на СБ на ОН се предвидува мировната мисија во Конго да добие и „Бригада за интервенции“.

Со едногласно донесениот заклучок на Советот за безбедност на Обединетите нации, бригата за интервенции има мандат да постапува воено офанзивно против бунтовниците на М23 на истокот на Демократска Република Конго. Притоа, таа може да оперира сама или заедно со армијата на ДР Конго. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун претходно се залагаше за тоа сините шлемови да добијат борбен налог.

Централата на новите трупи треба да биде во градот Гома, кој во ноември кусо време беше заземен од страна на бунтовниците на М23. Трупите треба да бројат две до три илјади војници. Мисијата на ОН во ДР Конго, таканаречена Монусо мисија, во моментов е далеку најголема и најскапа мисија на сините шлемови во светот.

Во резолуцијата на ОН 15-те земји во Советот за безбедност истовремено назначуваат дека мандатот на борбената бригада ќе биде една година и се

Kongo Miliz M23 Soldaten

Бунтовници на М23

тврди дека ќе остане само „исклучок, без создавање преседан“ во методот на дејствување на мировните мисии на ОН. Советот за безбедност треба да оценува колку бригадата ги постигнала зададените цели, а треба да се следи и дали и кога владата на Конго ќе создаде сопствени сили за брза интервенција, кои би се бореле против вооружените милиции.

Американскиот заменик амбасадор во ОН Џефри де Лаурентис изјави дека мандатот на ОН е важен чекор за заштита на жените и децата и за спречување на „страшното сексуално злоставување“ во регионот.

Групацијата М23 (23 март) е создадена пред една година, кога повеќе стотици поранешни бунтовници дезертираа од армијата на Конго, во која беа интегрирани во 2009 година, во рамки на мировниот договор. Бунтовниците ја обвинуваат владата во Киншаса дека не се држи до договорите.