1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Синдикатот на новинарите реагира на пресот на ЗНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска реагира дека не бил известен, ниту консултиран за намерите на Здружението на новинари на Македонија да одржи прес-конференција со министерот Иво Ивановски.

ССНМ ги информира членовите и јавноста дека не бил известен, ниту консултиран за намерите на ЗНМ да одржи заедничка прес конференција со министерот за информатичко општество, на која е соопштена согласноста за усвојување на медиумските закони и тоа по итна постапка, стои во реакцијата од Синдикатот. Очекувањето за известување и консултација ССНМ го темели врз основа на тоа што досега четири организации, ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ се координираа за активностите поврзани со носењето на законите.

Притоа се нагласува дека ССНМ не отстапува од ставот дека Законот за медиуми не ги решава клучните прашања.

„Сметаме дека тој отвора можност за нови проблеми во работата на новинарите и затоа сме против негово носење. Одговорноста за она што ќе следува ја гледаме на само во Владата, туку и во новинарските здруженија и оние кои вршеа притисок врз нив да дадат зелено светло за усвојување на Законот за медиуми“, велат од Синдикатот.

Naser Selmani

Насер Селмани

Реакцијата уследи откако претседателот на ЗНМ Насер Селмани вчера (21.12.2013) одржа заедничка прес-конференција со ресорниот министер Иво Ивановски, на која објави дека бил постигнат договор по три точки. Владата и Здружението на новинарите на Македонија се согласија интернет порталите да се исклучат од Законот за медиуми, соопшти во вчера ЗНМ, по средбата со министерот Ивановски. ЗНМ смета дека двете страни се договориле и ЗНМ, како претставник на новинарите, да предложи член во Советот на Агенцијата за медиуми. Но, министерот Ивановски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претставниците кои ќе бидат во Агенцијата ќе бидат избрани на транспарентен начин, но оти не е дефинирано кое здружение ќе биде направено тоа. Според Ивановски, дефиницијата ќе биде во тоа што претставникот треба да биде од репрезентативно здржение кое ги претставува интересите на сите новинари во Република Македонија. Во Македонија постои уште едно здружение на новинари – Македонска асоцијација на новинари, во кое претседател е Илија Максимовски, генерален секретар Драган Павловиќ Латас, а потпреседателка е Мирка Велиновска.

ЗНМ соопшти дека и во членот 48 од Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги да се додаде нов став, со кој ќе се појасни дека секое ограничување на содржина на медиуми може да се направи согласни судската пракса на Европскиот суд за човекови правата во Стразбур. Овие предлози на ЗНМ Владата се обврзала да ги имплементира најдоцна до крајот на јануари 2014 година.

Од ЗНМ тврдат дека освен за овие три прашања за кои има согласност, остануваат сите други разлики кои досега постоеја меѓу ЗНМ и Владата. ЗНМ останува на ставот дека нема потреба за донесување на закон за медиуми.

„Не можеме да прифатиме печатените медиуми да имаат обврска да објавуваат импресум кога веќе тоа го прават речиси сите печатени медиуми, како и дека не може владата да бара транспаретност за сопственичката структура на весниците кога таа самата нетранспаретно троши пари во медиумите. Крајно непотребно е да им се наметнат обврски на печатените медиуми, кога тие се соочуваат со сериозни предизвици за опстанок на пазарот“, стои во соопштението.

Mazedonien Minister für Informatik Ivo Ivanovski

Иво Ивановски

Освен тоа, ЗНМ не се согласува со концептот за формирање на Агенцијата за медиуми и со решенијата за Македонската радиотелевизија, посебно делот на предлагање на кандидати за членови на Советот на Агенцијата и на Програмскиот совет на МРТ, како и за отсуството на одржливо финансирање и транспарентност во работата на овие институции .

„ЗНМ останува на ставот нема никаква потреба за дефинирање на професијата новинар и за нас тоа е заобиколен начин за лиценцирање на новинарите. Доколку владата смета дека тоа е во интерес на новинарите, тогаш препорачуваме да се дефинира и професијата политичар“, велат од Здружението на новинарите.

Воедно се оценува дека казните за медиумите во двата закани се екстремно високи и непропорционални, со што може негативно да се влијае на работата на медиуми и да се потикнува самоцензура.

Поврзана содржина