Синдикатот на металците постигна договор | Вести | DW | 04.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Синдикатот на металците постигна договор

Германскиот синдикат на металците и нивните работодавачи постигнаа согласност за зголемување на платите. Претпладнево во Штутгарт е договорено работниците во металната индустрија од наредниот месец да добија зголемување на платите за 4,1 проценти, плус дополнителни 1,7% по 12 месеци. Условите од договорот содржат и еднократна исплата на бонуси во износ од 400 евра за април и мај годинава.