1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Синдикатот бара инспекции во македонските медиуми

Новинарскиот синдикат предочува да се води сметка за статусот на ткн. „хонорарци“ на кои во медиумите не им се плаќаат пензиско и здравствено осигурување

default

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја поздравува најавата на Министерството за труд и социјала за засилени инспекциски надзори и казни за работодавачите кои не ги пријавуваат нивните работници. Синдикатот, како што се наведува во соопштението, очекува оваа акција да се однесува еднакво и неселективно и на медиумскиот бизнис.

Притоа, во функција на заштита на правата на работниците, ССНМ бара суштински, а не формален надзор и примена на одредбите од Законот за работни односи.

ССНМ му сугерира на Министерството и на инспекциските служби да обрнат внимание на фактот дека во македонските медиуми постои исклучително висок процент на таканаречено „неформално вработување“, односно „хонорарен ангажман“ преку договори за дело кај кои работодавачот е ослободен од обврската да плаќа пензиско и здравствено осигурување, а работникот е приморан тоа да го прифати и да работи со сите обврски, без какви и да е права на редовно вработените.

ССНМ потсетува дека Законот за работни односи во повеќе членови предвидува разни видови вработувања, но не познава „хонорарни“ вработувања, поради што нивното толерирање претставува кршење односно заобиколување на одредбите од трудово право.

Автор: БГ/миа

Редактор: Е.М. Фиданоска

Поврзана содржина