1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Синдикатите повикаа на вреднување на достоинството на човековиот труд

Традиционалните првомајски демонстрации што ги организираат германските синдикати во чест на Денот на трудот годинава се оддржуваат под мотот “Твоето достоинство е наша мерка”. Централната манифесација на која говореше шефот на Синдикатите Михаел Зомер се оддржа во Волфсбург, а во Берлин главниот збор го имаше синдикаторт ВЕРДИ и неговиот шеф Франк Бсирске.

Франк Бсирске, шефот на ВЕРДИ побара зголемување на сатницата на најмалку 7,50 евра

Франк Бсирске, шефот на ВЕРДИ побара зголемување на сатницата на најмалку 7,50 евра

Сонцето и убавото време денеска им се погоди на децетици илјади берлинчани кои се одзваа на повикот на ВЕРДИ и уште од утринава се вклучија во неколките поворки кои стартуваа од пред централата на синдикатите. Над 200 моторциклисти, повеќе илјади со велосипедистии ролери, мнозинството сепак пеш, млади и стари околу 11,30 пристигнаа пред Бранденбуршката порта. Бело-црвените знамиња на синдикатот ВЕРДИ, балони, транспаренти со пароли за социјална правда, поголеми плати, работни места, солидарен здравствен систем беа дел од првомајската иконографија која всушност ги најави и главните теми на кои се осврнаа синдикалните лидери.Франк Бсирске, првиот човек на ВЕРДИ најпрво ги истакна позитивните стопански трендови во Германија по што следеше предупредувањето:

"

Од друга страна се среќаваме со скепса, слушаме за плановите на големата коалиција за зголемување на данокот на додадена вредност кое најмногу ќе ги погоди оние со мали плати, пензионерите,неврабиотените... Затоа тргнете ги прстите од таквите корекции”

Според Бсирске во Министерството за труд се бараат натамошни можности за штедење кај Харц 4 и тоа во милирдиски износи, а има и гласови дека ЦДУ бара начини за намалување на надоместокот за невработени. Шефот на ВЕРДИ ги критикуваше иницијатиовите за пензионирање со 67 години, но потсети и на реформите во здравството, незадоволството кај оние кои работат и оние кои ги користат услугите. Пред Бранденбуршката порта продефилираа и огромни кукли кои ги претставуваа оние кои се најслабо платени: келнери, работници со смет, болничарки, готвачи чија сатница е 3 ипол евра, а веднаш наспроти нив се најдоа транспаренти со кои се бараат најмалку 7,5 евра на час.

“Достоинството на луѓето е наша мерка , а ова значи од работата со свои раце и глава да може да живеат. Кај нас има сатници од 3,5 евра и тоа е скандал"- истакна и во Волфсбург Михаел Зомер шеф на герамнските синдикати кој говореше и за невработеноста, отпуштањето од Самсунг, Континентал, АЕГ, и најновата најава за уште 20.000 откази од страна на Фолкс Ваген.

"

Мерката на оваа каста на менаџери е сопственото банкарско конто, а не достоинството на луѓето”- констатираше Зомер.

Инаку, во потесниот центар на Берлин околу Бранденбуршката порта денес владее вистинска празнична и семејна атмосфера. На бината попладнево настап имаат повеке групи, а многу семејства едноставно излегоа да се забавуваат. Првомајската атмосфера се очекува вечерва да кулминира во берлински Кројцберг каде минатите години демонстрациите на левите традиционално завршуваа со големи тепачки и интервенции на полицијата.