1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Синдикатите бараат поголеми плати

Во првата половина од годината, германската економија оствари изненадувачки висок раст. Од тоа сакаат да профитираат и синдикатите и затоа бараат повисоки плати за вработените. Но, дали нивните барања се оправдани?

default

Германската економија и понатаму бележи пораст

Ифо-индексот во август порасна по трет пат едно по друго, претпријатијата се презадоволни. Германската економска ефикасност во вториот квартал порасна за 2,2 проценти, а во цела година може да достигне до 3,5 проценти, што би било повеќе од просечниот раст пред кризата, кој изнесуваше само два процента. Михаел Гремлинг од Институтот за германското стопанство вели:

„Изненадени сме од особено добриот развој во првата половина од годината. Ова темпо од првите шест месеци на 2010 година нема да можеме да го одржиме во втората половина.“

Германија останува на лентата за претекнување


Ulrich Kater

Улрих Катер, главниот економист на ДекаБанк

Исто така и Улрих Катер, главниот економист на ДекаБанк, советува претпазливост:

„Вториот квартал донесе економски раст од 2,2 проценти. Американците имаат навика да вршат годишна пресметка, и ако го сториме тоа ќе достигнеме пораст од девет проценти, што се кинески услови. Тоа не може да се одржи, но ние се` уште се надеваме на солиден раст од околу половина процент во последните два квартали. Тоа е добро за опоравувањето на германската економија, меѓутоа, не е повод за еуфорија, како во вториот квартал.“

Германија останува на лентата за претекнување, пишува ДекаБанк во една анализа. Но, за да не го потроши горивото, и внатрешната економија мора да се придвижи, смета Катер:

„Мотор на германското стопанство отсекогаш бил извозот, уште од пред неколку децении. Прашањето е какво е влијанието врз домашната побарувачка? Во минатото беше мало. Очекуваме дека можеби во наредните години ќе порасне домашната побарувачка, што мора да претставува мешавина од фактори кои ќе влијаат.“

Економскиот раст може да се искористи


Streik IG Metall Automobilindustrie ZF Getriebe GmbH Brandenburg

Синдикатот ИГ Метал бара покачување на платите

Според Катер, постоечката економска состојба треба да се искористи за зголемување на платите. И Михаел Гремлинг од Институтот за германското стопанство го дели истото мислење:

„Секако доколку постои економски оправдан раст, може да се искористи. Но, траба да се внимава, бидејќи зголемувањето на платите може да доведе и до кратење на работните места, кои сега стојат на климави нозе.“

ИГ Метал, на пример, најави дека на преговорите најверојатно ќе побара покачување на платите од 4,5 до осум насто. Михаел Гремлинг предупредува:

„На патот до опоравување состојбата се нормализираше. Затоа треба да бидеме претпазливи при одредувањето на економските можности. Пред една година оваа дискусија беше невозможна. Тогаш на прво место беше одржување на вработувањата. Така треба да остане и понатаму.“

Автор: Ролф Венкел / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска