1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Синдикално глобализирање

Синдикалните организации ширум светот влегуваат во еден нов сојуз. Тридневната средба на преставници од 360 национални синдикати од 150 земји во средата заврши со формирање меѓународен независен синдикален сојуз , во кој ќе членуваат 150 милиони синдикалци од светот. Неговата цел ќе биде поефикасно справување со предизвиците на глобализацијата. На средбата немаше преставници на кинескиот синдикат, кој иако

Гај Ридер

Гај Ридер

е најброен сепак не е независен. Извештај на Еберхард Нембах

Економијата е глобализирана, а истото мора да го сторат и работниците, гласи девизата со која се здружија двата најголеми светски независни синдикални сојузи во нова организација. Помалиот партнер, кој има Христијанско обележје е “Светски сојуз за работа“ а поголемиот е “Меѓународниот сојуз на слободни синдикати“ Досегашниот генерален секретар Гај Ридер би требало да биде на чело и на новиот меѓнароден синдикален сојуз:

“ Сведоци сме на историски настан. Новата организација ќе биде најрепрезентативна и најпогодна во историјата на синдикатот. Таа ќе има 166 милиони членови во светот, 309 национални синдикати од 156 земји и региони во светот. Во последните десетина години стана јасно дека веќе не постојат никакви причини за одвојување на националните синдикати кои веруваат во демократијата и независните работнички преставништва. Потребно ни е меѓународно синдикално движење за да се соочиме со предизвиците на глобализацијата“

Во минатиот век синдикалното движење беше пред се поделен на организации во комунистичките земји и различни христијански и социјалдемократски синдикати на западот. Промените во источна Европа и глобализацијата ја сменија ваквата ситуација, иако сите синдикати не се обединети.

Кинескиот синдикат има речиси исто толку членови, како новиот светски сојуз но во Виена немаше свои претставници бидејќи не е независен.

Независноста е важен предуслов за членство во новиот сојуз кој претстави и нови цели. На самиот врв е борбата против социјалниот дампинг и правата на жените. Економијата веќе одамна е глобализирана и сега тоа мора да го сторат и работниците, нагласува домаќинот на собирот Рудолф Хундсторфер, претседател на австрискиот синдикален сојуз:

“ Во прв план сакаме глобализацијата да почива врз фер основи, да се постави така што луѓето ќе можат од тоа да живеат. Тесно ќе ги поврземе синдикатите ширум светот и ќе мораме заедно и да настапуваме“

Хундсторфер додаде дека е горд што новиот синдикален сојуз е формиран токму во Виена. Неговиот синдикат во Австрија се наоѓа во тешка криза која е предизвикана со загубите во милијарди во синдикалната банка БАВГ