1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Синабунг и натаму исфрла пепел - масовна евакуација

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра и натаму исфрла големи количества пепел. Од кратерот на 2640 метри високиот вулкан излегуваат потоци лава долги и до пет километри.

Преку 25.000 лица се евакуирани денеска (12.01.2014) од нивните домови поради ерупција на вулканот Синабунг во западниот дел на индонезискиот остров Суматра.

Вулканот еруптираше вчера, кога, според директорот за вонредни состојби при Националната агенција за справување со катастрофи, Три Будиарто, почнал да исфрла вжештени карпи и пепел во височина до 5.000 метри.

„ Досега се евакуирани 25.516 лица. Нема никого во радиус од пет километри околу вулканот. Сега апелираме да се евакуираат и оние кои живеат во радиус од седум километри околу вулканот“, информира Будиарто.

Дел од лавата од вулканот се влела во една река, при што дошло до помали секундарни експлозии при допирот на вжештената маса со водата.

„Апелираме до луѓето да се воздржат од какви било активности на реките“, нагласи Будиарто.

Синабунг е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија. Овој вулкан мируваше околу 400 години, по што прват еруптираше во 2010 година, а потоа и минатата година во септември.