1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Симнато обвинение за двајца од Гвантанамо

*

Воениот суд во американската база Гвантанамо на Куба ги отфрли обвиненијата против двајца затвореници. Станува збор за 20 годишниот канадски државјанин Омар Хадр, кој бил заробен пред пет години во Авганистан заради напад врз еден американски војник. Претставник на Пентагон соопшти дека од обвинението за тероризам е ослободен и Салим Ахмед Хамдан, државјанин на Јемен и личен возач на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Воените судии соопштија дека САД немаат јурисдикција за судење врз основа на законот кој минатата година го изгласа американскиот Конгрес.