1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сименс тоне се‘ подлабоко во калта на скандалите

Обвинители и една американска адвокатска канцеларија, која работи по налог на самото претпријатие, со недели ја чешлаат документацијата на Сименс.

default

Ако се фрли поглед врз интернет-страницата на Сименс, се чини дека на коцернот не му се случува ништо и се‘ е во ред. Претпријатието гордо најавува дека станало и официјално технолошки партнер на фудбалскиот клуб Баерн Минхен. Веста за оваа соработка датира од минатиот четврток. За она што оттогаш стана познато во врска со црните каси и претпоставените мито и корупција, концернот нема објавено ниту збор.

Сименс држи дискретна линија. Портпарол на претпријатието на барање на новинарите одговара дека нема да се коментираат меѓубиланси во истрагата. Во изминатите недели се покажа дека аферата би можела да има многу поголеми димензии отколку што досега беше познато. Во најновиот квартален извештај Сименс се вели дека покрај дубиозните зделки во поранешниот телекомуникациски оддел, Ком, се проверуваат и зделките во други делови. Се чини дека дубиози се правеле пред се во сферата на централите. Шпигел тврди дека само на крајот 90-тите години течеле пари на три банкарски сметки во Лихтенштајн и тоа во висина од 190 милиони евра. Зидојче Цајтунг дури говори за 300 милиони евра. На овој износ наводно наишле луѓето задолжени за истрага од една американска канцеларија специјализирана за вакви проблеми.

Досега се откриени нечисти зделки во висина многу поголема од една милијарда евра. Така скандалот за кој соработници на Сименс на високи позиции говореа дека е шокантен добива нова димензија. Досега се зборуваше за 420 милиони евра проневерени во Сименс.

Се чини дека новиот шеф на концернот, Петер Лешер, многу сериозно ја спроведува најавата на неговиот претходник Клаус Клајнфелд за бескомпромисно разоткривање на скандалот.