1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сименс има нов шеф

Надзорниот одбор на германскиот технолошки концерн Сименс , го назначи Петер Лешер за нов претседател на Управниот одбор . 49- годишниот Австриец треба во јули на функцијата да го замени актуелниот прв човек на Сименс Клаус Клајнфелд , кој поднесе оставка по спорот кој го имаше до Надзорниот одбор

„ За мене лично преставува голема чест и голема одговорност , преземањето на претседателската функција во управниот одбор на Сименс , кој е светски концерн со врвна позиција во технологијата и лидерство на пазарот“ – истакна Лешер по изборот. Тој инаку во моментов е член на управниот одбор ан во американскиот фармацевтски концерн Мерк.