1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сименс галопира кон медицинската опрема

Електро-концернот Сименс ќе изврши големо преструктурирање

default

ВДО оди во рацете на Континентал

Фирмата од Минхен ќе го продаде својот автомобилски лиферант ВДО на Континентал, а ќе ја јакне својата позиција во медицинската техника. Сименс ќе го продаде ВДО за 11,4 милијради евра. Новиот шеф на концернот Петер Лешер истовремено го соопшти преземањето на америнаката фирма за медицинска опрема Дејд Беринг. Продажбата на ВДО на долносаксонската фирма Континентал го поздрави германската канцеларка Ангела Меркел. Преземањето ќе ја засили автомобилската индустрија во Германија, соопшти владиниот портпарол Томас Штег.