1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Симбол на борбата за слобода

Дваесет години по излегување на Нелсон Мандела од затвор, првата пост-апартхејд генерација ги ужива плодовите на неговата борба за рамноправност. Но, не е се’ идеално во Јужна Африка.

default

Нелсон Мандела со неговата сопруга Вини веднаш по излегувањето од затвор во 1990 година

Јужна Африка денеска ја одбележува 20-годишнина од почетокот на политичката слобода откако од затвор беше ослободен Нелсон Мандела. По 27 години поминати во затвор, Мандела стана симбол на борбата против апартхејдот и борец за човекови права, а во 1994 година стана и првиот демократски избран претседател во таа земја.

Јужноафриканскиот Устав денес е еден од најлибералните во светот, медиумите и цивилното општество се слободни и плуралистички, запрен е одливот на мозоци, а белците повеќе не ја напуштаат земјата, како што тоа беше случај во 90-те години.

Волфганг Дрекслер веќе 25 години е дописникот на диселдорфскиот весник „Ханделсблат“ од Јужна Африка. Изминатиот период, според него, донел многу промени во земјата.

„Тоа беше земја во која владееше вонредна состојба, во која пустошеа ескадроните на смртта и во која, мнозинството од населението немаше никакви права. Кога ќе се погледне што е оттогаш направено, мора да се признае дека Јужна Африка стана подобра земја. Има уште многу главоболки, но тоа е демократска земја во која милиони луѓе барем имаат изгледи за подобар живот“.

Нема причини за еуфорија

Flash-Galerie Nelson Mandela

Африканскиот национален конгрес на Мандела е обвинет дека владее авторитарно во земјата

Меѓутоа, по повод денешниот празник во земјата, Дрекслер вели дека нема многу причини за еуфорија, ниту за идеологизација на Нелсон Мандела.

„Причини за резерви има поради неограничената власт која ја ужива Сеафриканскиот национален конгрес, некогашното ослободително движење, поради размерите на корупцијата и нивниот став дека државата е само извор за сопствено богатење. Потоа тука е и поддршката на Зимбабве во соседството, како и бројните пропусти во борбата против СИДА-та. Сето тоа почна во времето на Мандела. Многу работи излегоа од контрола и тоа не смее да се загуби од вид, без разлика на постигнатиот напредок. Имено, земјата е на добар пат да скршне од добриот правец и да стане уште една од многубројните африкански држави со еднопартиска власт и со авторитарни лидери“.

Притоа и интеграцијата на земјата напредува слабо, вели Фикиле Моја, уредник на весникот „Советан“.

„Жалната вистина гласи дека денес не сме многу понапреднати од состојбата пред 20 години. Иако средната црна класа зајакна, мнозинството Јужноафриканци кои беа одвоени во текот на апартхејдот се одвоени и денес. Интеграцијата, која Мандела ја посакуваше, до денес не се случи“.

Автор: Лутгер Шадомски/Борис Георгиевски

Редактор:Жана Ацеска