1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силeн земjoтрес во близина на Фукушима

Земјотресот го погодил регионот во околината на нуклеарната централа Фукушима, но засега нема пореметувања во нејзина близина, ниту опасност од цунами.

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, денеска го потресе североисточниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Нема предупредување за опасност од цунами. Според Геофизичкиот институт на САД потресот бил со магнитуда од 6,1 степен, на длабочина од околу 33 километри и епицентар во морето, крај брегот на префектурата Фукушима, на околу 200 километри североисточно од Токио, каде се почувствувало тресење на зградите.

Компанијата Тепко која управува со централата Фукушима, соопшти дека потресот не предизвикал пореметувања на локацијата каде што се наоѓа нуклеарната централа.

Во март 2011 година североисточна Јапонија беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 9 степени, што предизвика опустошувачко цунами. Во земјотресот и во цунамито загинаа околу 19 илјади луѓе, а нуклеарната централа Фукушима беше тешко оштетена.