1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силувачите од Њу Делхи соочени со смртна казна

Четворица мажи кои силуваа една студентка и и’ нанесоа смртоносни повреди во автобус во Њу Делхи, се осудени денес по сите точки на обвинението. Им се заканува смртна казна за злосторството што го шокираше светот.

Одлуката на судот со која силувачите на 22-годишната девојка во Њу Делхи, на 16 декември минатата година, се прогласени за виновни ја соопштија како претставниците на Државното обвинителството, така и на одбраната, пред судницата во главниот град на Индија.

Пресудата за казната што ќе ја добијат осудените, меѓу останатото за силување и за убиство, ќе биде изречена во наредните денови, а обвинетите би можеле да добијат смртна казна со бесење за случајот кој ја потресе Индија и предизвика бран протести и гнев поради лошто постапување кон жените.

Судијата Јогес Хана рече дека обвинетите сториле „убиство на беспомошно лице“.

Полицијата наведува дека 23-годишната студентка по медицина и нејзиниот пријател се нападнати кога влегле во приватниот автобус за да се вратат дома по посетата на кино на 16. декември.

Шестмина напаѓачи го претепале мажот и ја силувале жената, нанесувајќи и' со метална шипка големи внатрешни повреди, сопшти полицијата. Жртвите на нападот се исфрлени од автобусот, а девојката починала две недели подоцна во болница во Сингапур.

Пред судницата денеска се собраа десетици демонстранти, а набрзо по дознавањето на веста за одлуката на судот, започнаа да викаат: „Обесете ги! Обесете ги! Обесете ги!“

Адвоктот на одбраната А.П. Синг рече дека обвинетите се невини. „Тие се обвинети само за да се задоволи јавноста“, им кажа Синг на новинарите, додавајќи дека немале праведно судење. Еден од обвинетите е пронајден мртов во својата затворска ќелија во март, а малолетникот кој е обвинет во процесот, кон крајот на минатиот месец е осуден на 3-годишна казна во поправен дом.

Нападот предизвика гнев ширум Индија, поради што владата беше принудена да ги промени законите за силување и воведе судови за итни случаи, кога станува збор за силување. Со новиот закон се криминализираат следење, воајерство и сексуално вознемирување, додека за повторно осудените за силување, кое довело до смрт на жртвата, е воведена смртна казна.