1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Силни експлозии во Багдад

Центарот на Багдад повторно е потресен од неколку силни експлозии со мртви и ранети. Повеќе против-тенковски ракети биле истрелани врз центарот на градот, една од нив експлодирала во близина на германската амбасада,при што избил пожар. Американската телевизија Си Ен Ен известува дека во рок од еден час експлодирале осум гранати.Погоден е исто така и главниот штаб на коалиционите сили во Ирак под водство на САД и хотелот Шератон,каде се сместени повеќе гости од западните земји. Во меѓувреме, јапонските војници се подготвуваат да заминат на пат за Ирак каде што треба да учествуваат во обновата на земјата.