1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Силни експлозии во Багдад



Ирачките бунтовници денска во главниот град Багдад со ракети и гранати нападнаа амбасади, хотели и зградата на американската цивилна управа. И во близината на германската амбасада експлодира една ракета, а освен тоа оштетени се зградите на иранската и турската амбасада.Погодени се и два хотела во кои се наоѓаат западни претставници. Засега нема информации за евентуални жртви. Нападите беа најжестоките од апсењето на поранешниот ирачки претседател Садам Хусен на 13 декември.