1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силни бури го погодија Мексико

Размерите од бурите и катстрофалните поплави во Мексико стануваат сѐ поголеми. Нов ураган остави голем пустош зад себе. Бројот на жртвите расте.

Речиси целата земја е погодена од невремето, рече претседателот на Мексико Енрике Пена Нето на прес-конференција во градот Акапулко, кој е особено тешко погоден од невремето. Поради вонредната состојба, претседателот го откажа присуството на Генералното собрание на ОН во Њујорк идната недела.

Според информации на службите за цивилна заштита најмалку 97 луѓе го загубиле животот. Само во Гереро има 65 жртви, каде поради лизгање на земјиштето беа погодени делови од селото. Најмалку 68 лица се водат за исчезнати, рече министерот за внатрешни работи Мигуел Ангел Осорио Чонг.

Ураганот „Мануел“ вчера мина низ Мексико, и тој е третата бура која ја зафати оваа земја. Силните дождови во сојузната држава Синалоа предизвикаа излевање на реките од коритата, дрвја паѓаат и се уриваат струјните столбови.

Се заканува нова бура

Според податоците на погодените регионални влади, тешко биле оштетени домовите на 100.000 луѓе на 90 различни места. Тие се соочени со нова лоша вест: над Мексиканскиот Залив на повидок е ново невреме. Областа со низок притисок се наоѓа североисточно од пристанишниот град Веракруз и би можело да се развие во нова бура, соопшти метеоролошката служба.

Силите за безбедност во меѓувреме продолжуваат со расчистувањето на областите погодени од катастрофата. Се очекува автопатот меѓу Мексико сити и Акапулко денеска повторно да биде пуштен во употреба, изјави министерот за сообраќај, Герарно Руиз Еспараца.

Туристите во Акапулко мораа да го напуштат градот преку воздушен мост. До вчера вечер (по локално време) 15.000 туристи беа превезени во Мексико сити.