1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Силна канцеларка, слаба влада

Германските стопанственици минатата година во ова време имаа големи очекувања од новата германска црно-жолта коалициона влада. Какво е расположението сега?

Меѓу водечките германски стопанственици преовладува разочарување од досегашниот курс на владата на Ангела Меркел - дури 70 проценти од менаџерите се незадоволни. Разочарување посебно предизвикува министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле. Стопанската елита смета дека двете функции за него се преголем товар со кој не може да излезе на крај, па од него бара да се откаже од раководењето со партијата на либералите. Од анкетата произлезе и сознанието дека расте довербата во владата, но многу бавно.

„Почетните потешкотии на коалицијата и натаму влијаат и мнозинството од раководниот врв има чувство дека тие се’ уште не се сосем надминати“, вели Ренате Кехер, член на истражувачкиот тим на институтот Аленсбах.

Deutschland Wirtschaft Hochofen von ThyssenKrupp Stahl

Ако врвните менаџери се оптимисти дека економската политика на Меркел оди по нагорен пат, тоа никако не важи во однос на заедничкото европско платежно средство. Мнозинство од 54 проценти од нив е скептично во однос на стабилноста на еврото - пред се’ поради високите долгови на некои земји на Европската Унија, додека 45 проценти од анкетираните не ја споделуват таквата загриженост.

Deutschland Wirtschaft Deutsche Bank Fensterputzer

„Раководниот врв од стопанството ја застапува позицијата дека мора да се врши уште посилен притисок врз високо задолжените земји, за тие да воспостават контрола врз проблемите“, истакнува Кехер.

Германската стопанска елита има доверба во канцеларот Ангела Меркел дека ќе врши таков притисок. И покрај сета критика на сметка на владата, големо мнозинство од врвните менаџери ја смета Меркел за силен канцелар.

Ханс Пфајфер/Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска