1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силен тајфун разори делови од Јапонија

Тајфунот кој мина низ делови од земјата предизвика лизгање на земјиштето во кое настрадаа десетина лица и предизвика голема материјална штета.

Најтешко погоден од тајфунот Випха е островот Изу Ошима, околу 120 километри јужно од Токио, каде спасувачките екипи пронајдоа тела на 16 жртви кои настрадале по лизгање на земјиштето, предизвикано од невремето. Стотици домови се уништени, а најмалку 45 лица се водат како исчезнати.

Една жена загинала во Токио откако паднала в река, додека две малолетни момчиња се водат како исчезнати на островот Хоншу.

За време на невремето, ветровите достигнале брзина од над 120 километри на час, но во текот на утрово интензитетот на тајфунот опаднал.

Стотици летови на меѓународните аеродроми во земјата во текот на денот се откажани, а невремето го отежна функционирањето и на метрото во Токио.

Випха е 26-от тајфун за оваа сезона во Азија. Таа се движи кон север-североисток со брзина од 30-35 километри на час. Тајфунот е придружен со ветрови со брзина од 180-200 километри на час.