1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силен сигнал

Советот за безбедност ги заостри санкциите врз Северна Кореја. Пјонгјанг како одговор на резолуцијата на ОН, се заканува дека сиот плутониум што стои на располагање ќе го употреби за производство на нуклеарно оружје.

default

Звучи речиси како копнена и поморска блокада - бродовите од и кон Северна Кореја треба да бидат контролирани уште додека се наоѓаат во пристаништата од каде што поаѓаат, а членките на ОН имаат право да контролираат севернокорејски бродови дури и на отворено море, доколку постои оправдано сомневање. Ваквите заострени санкции не се наосечни само против трговијата со нуклеарна и ракетна технологија, туку особено кон големиот извоз на Пјонгјанг на конвенционално оружје.

На тој начин значително се проширува и заострува апсолутната забрана за извоз на какво било оружје од Северна Кореја, вели Филип Пархам од британската амбасада во ОН. Извозот на оружје е еден од изворите на

Armut Nordkorea Unwetter

Пари може да се добијат само за хуманитарна или развојна помош

приходи со кои Северна Кореја ја финансира ракетната и атомската програма.

Враќање на преговори - задача за Пјонгјанг

На режимот во Пјонгјанг треба да му се затвори славината за пари и затоа во иднина Северна Кореја од страна на меѓународната заедница нема да добива средства за инвестиции или кредити, освен ако тие не се наменети за населението како хуманитарна или развојна помош.

Со ваквата резолуција на ОН се казнуваат најновите провокации на Северна Кореја, и тоа, како што се нагласува во ОН - се казнуваат најостро. Од Пјонгјанг се бара да не врши нуклеарни или ракетни проби, да се откаже од секакви нуклеарни програми и да се врати на шестпартитните преговори во кои учествуваат и соседите Јужна Кореја и Кина, како и Русија, Јапонија и САД.

И Кина го заврте листот

Со гласањето „за“ резолуцијата на ОН, од Северна Кореја јасно се дистанцираше и единствениот близок сојузник на

Südkoreanische Küstenwache auf Patrouillenfahrt

Инспекции ќе се вршат и на отворено море

Пјонгјнаг - Кина. Кинескиот амбасадор во ОН, Занг Јесуи побара од членките на ОН сериозно да ги спроведуваат санкциите, но истовремено, ги повика и сите страни на присебност, особено кога станува збор за инспекциите на отворено море.

Во никој случај не смее да се применува насилство или да има закани со насилство, изјави кинескиот амбасадор Јесуи. Сите треба да го сочуваат мирот и треба да се избегнува се‘ што може да доведе до заострување на ситуацијата.

Кинескиот амбасадор, со ова, се обрати до режимот во Пјонгјанг, кој повторно се заканува дека новите санкции ги сфаќа како објава на војна , на која „ќе биде возвратено со безмилосна офанзива во која ќе биде употребено нуклеарно оружје“.


Автор: Томас Шмит / Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM