1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силен земјотрес на Хаити

Силен земјотрес ја погоди островската држава Хаити. Вистинските размери на природната катастрофа се’ уште не се познати, но се стравува дека голем број луѓе се затрупани под урнатините предизвикани од земјотресот.

default

Урнатини по земјотресот на Хаити

Замјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала се случи кратко пред 17 часот по локално време. Епицентарот се наоѓа во едно од предградијата на главниот град на островската држава Хаити. Земјотресот во Портопренс траше подолго од една минута, информираше Мајк Годли, соработник на една американска хуманитарна организација. „По речиси половина минута, огромен облак од прашина и чад го поклопи градот и речиси 20 минути целосно го затемни градот. Беше неверојатно, низ целиот град.“

Американскиот геолошки институт по првиот земјотрес регистрираше уште два поголеми земјотреси со јачина од 5,9 и 5,5 степени. Беше издадено и предупредување од цунами за Хаити, Куба, Доминиканската Република и Бахамите, кое во меѓувреме е повлечено.

Стравување од голем број жртви

Erdbeben in Haiti

По земјотресот на Хаити

Засега не се познати целосните размери на несреќата предизвикана со оваа природната катастрофа. Хаити е отсечен од останатиот свет. Телефонските линии се во прекин. Информациите нанадвор пристигнуваат преку интернет и преку сателитските врски.

Во релативно побогатиот дел на главниот град Портопренс, Бетјонвил се урна една детска болница, информираат очевидците. На улиците во центарот на пристанишниот град повеќето од куќите се урнати, а под урнатините се наоѓаат жртви. Според досегашните сознанија, урнат е и хотелот „Кристофер“, кој повеќе години служеше како главно седиште на мисијата на ОН на Хаити. Земјотресот тешко ја оштетил и претседателската палата, а според некои информации и таа се урнала. Хуманитарните организации стравуваат дека во земјотресот животот го загубиле стотици, дури и илјадници луѓе. Најголеми шанси за преживување имаат најсиромашните, кои живеат во сламовите, бидејќи нивните колиби најчесто се направени од лимени ѕидови, без покриви.

На Хаити ќе му биде потребна меѓународна помош

Haiti Erdbeben

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала

Венецуела, Франција, Канада, голем број латино-американски држави и САД веќе понудија помош. Претседателот на САД Барак Обама во Вашингтон најави дека неговата земја е подготвена да пружи помош за Хаити. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон неколку часови по земјотресот истакна: „САД им нудат на Хаити и на другите погодени земји помош. Подготвуваме цивилни и воени тимови за спасување, како и хуманитарна помош. Се молиме за луѓето кои страдаат и за оние кои ги загубиле нивните најблиски.“

Германското министерство за надворешни работи за итно згрижување на жртвите стави на располагање еден милион евра и воведе кризен штаб. Шефот на француската држава Никола Саркози повика на помош за жртвите од земјотресот на Хаити: „Најважни сега се спасувачките акции за жртвите, за луѓето закопани под урнатините, за повредените и иsчезнатите“ се вели во соопштението од Елисејската палата.

Доминиканската Република, втората држава на островот, упати повик до целиот свет за помош за сиромашната држава Хаити.

Автор: Михаил Катрициус/дв/Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска