1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силен земјотрес на западот од Кина

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во северозападниот Синџјан, Ујгурски автономен регион во Кина, соопшти центарот за следење земјотреси во земјата.

default

Епицентарот бил на 282 километри југоисточно од градот Хотан, во слабо населената планинска област Кунлун, на длабочина од 30 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета. Според пописот од 2002. година, во тој регион живеат околу 220 илјади жители.

Областа Керија, каде бил епицентарот е заобиколена од сите страни со планини. Областа долж границата на хималајското плато е меѓу подрачјата во кои има најголема сеизмичка активност во Кина.