1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силен земјотрес го потресе Мексико

Нема жртви по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел од Мексико. Потресот предизвикал материјална штета, изјави претседателот на државата Фелипе Калдерон.

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, а потресот се почувствува и во главниот град на државата, Мексико сити. Претседателот на државата Фелипе Калдерон изјави дека се оштетени голем број домови, но жртви нема.

Жителите во паника ги напуштале домовите, телефонските линии биле во прекин, а во Мексико сити завладеал хаос во транспортот. Од зградата на парламентот биле евакуирани сите присутни.

Епицентарот на земјотресот беше на околу 200 километри од Акапулко и според Американската геолошка служба на околу 18 километри длабочина. Земјотресот беше еден од најсилните по 1985 година.