1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Силен земјотрес во Кина

Во земјотресот што утрово ја погоди кинеската провинција Чингаи, во близина на Тибет, загинаа 300 луѓе, а 8000 се повредени, јавија кинеските медиуми. Земјотресот имал јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала.

default

Бројот на жртвите и повредените може да се зголемува. Се претпоставува дека под урнатините има многу жртви, бидејќи повеќето куќи се урнати, информираше портпарол на цантралата за заштита од катастрофи од Јушу, за новинската агенција ДПА.

China Erdbeben Qinghai April 2010 Flash-Galerie

Според информации на радио станиците, во градот Јиегу уништени се меѓу 80 и 90 проценти од куќите. Во меѓувреме, се мобилизира помошта. Соседните провинции ги испраќаат своите тимови за помош при катастрофи. Владата во Пекинг најави дека ќе испрати 5.000 шатори, покривки и мантили. Ситуцијата во погодениот регион се опишува како хаотична.

Автор: АТ/ТТ/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска