1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сикстинската капела- Неисцрпна инспирација

Светот го дозна името на новиот Папа. Традиционалната конклава за негов избор се одржуваше во Сикстинската капела . 115-те кардинали кои се одлучија да го изберат кардиналот Јозеф рацингер за нов поглавар покрај божјата вдахновеност можеа да црпат инспирација и од ремек делата на најпознатите сликари на 15 и 16 век , кои доминираат во капелата . Секако најпознато од нив е и „Последниот Суд“ на Микеланџело –

Последната Конклава во Сикстинската капела

Последната Конклава во Сикстинската капела

�ајголемата повеќеслојна фреска , која го краси зидот на олтарот.

„Денеска влегуваме во Сикстинската капела , за да се воодушевуваме на нејзините прекрастно реставрирани рефски. Се чини оти Микеланџело во неговото творење го воделе впечатливите зборови од Библијата , кои го следат создавањето на мажот и на жената:

„Беа голи , но не се срамеа“ . Сикстинската капела , е ако може тоа така да се каже , свето место на божјето создавање на човековото тело. Таа сведочи за убавината на луѓето , кои ги создаде Бог , како маж и жена и истовремено е израз на надешта за подобар свет“

Со овие зборови Папата Јован Павле Втори во 1994 година го проследи завршувањето на реставрирачките работи на фреските на Микеланџело во Сикстинската капела . Макс Еуген Кемпер , долгогодишен висок дипломат во германската амбасада при Светата Столица се присетува:

„ Кога Папата повторно го отвори „Последниот суд“ и и го претстави на јавноста , одржа долг говор во кој ја спомена теологијата на голите тела . Тогаш рече и дека овде човекот стои пред Бога онаков каков што навистина е а не онаков каков што би сакал да биде. Овде облеката претставува и определена општествена позиција и верувам и оти Микеланџело тоа така го гледал. А тоа што и Папата се сложи со такво нешто ми говори дека о според теолошките сваќања разголеноста е определен знак“

А токму тој знак на некои им беше трн в око . И многу други уметници во своите прикази на Последниот суд ги сликаа блажените во типичната облека на нивниот сталеж, како бискупи или кралеви , достоинственици или обични граѓани. Кај Микеланџело е можно јасно да се распознае само една група –светците , со оглед дека тие носат иконографски јасни атрибути.

„Но кои се сите останати луѓе? Сите останати тела кои на левата страна од сликата кои зад себе го оставаат овоземското сивило , за да се качат кон небеската светлина? А кои се пак сите оние кои на десната половина од сликата се движат во насоката на подземниот свет? Историчарот Џорџо Васари за тоа пишува :

„ Еден од најстрогите критичари на Микеланџело , беше церемонијал мајсторот на Папата Бјаџо де Чезена. Кога го запрашале што мисли за фреските одговорил: Толку голи луѓе кои го покажуваат својот срам . Тоа не е слика која и доликува на папската капела. Таа е многу подобра за некоја бања или за гостилница“

Микеланџело кому тоа не му се допаднало , го сместил Чезена во својот „Последен суд“. И тоа без облека и насочен кон пеколот , како персонификација на Минос , со голема змија превиткана околу нозете и меѓу многу демони.

Но не останало само на оваа анегдота. Критичарите на Микеланџело биле јаки и по откривањето на фреската , во 1541 година , побарале корекции на незгодните детали. И тоа навистина се случило , но занимливо е што актите се прекриени само во Последниот Суд но не и на сводот од капелата каде што истотака има многу разголени ликови. Во текот на последните реставрации тие дилетантнски цртежи се тргнати заедно со вековните наслаги од нечистотија. Така денешните набљудувачи можат подобро да му се приближат на основниот концепт на Микеланџело , но и да сватат на што толку се чуделе неговите современици во 16-иот век.

Реставраторските работи поставија голем предизвик конзерваторите и реставраторите. Дури тогаш ним им стана јасно какви напори вложувал самиот Микеланџело да да го наслика сводот – вели Арнолд Неселрат, кој освен неговото делување во Рум , предава и историја на уметност во Универзитетот во Хумболт во Берлин.

„Работата впрочем е многу едноставна . За реставрацијата на ферските на Микеланџело повторно беше изградено скеле какво што тој користел и се работеше на ист начин како што работел тој. Резултатот од раставраторските работи , спроведени во последните 20 години од минатиот век е всушност можноста повторно капелата да може да се доживее како целина , и можноста да се види оти таа има заедништво на содржините . Тоа е многу голем резултат“- појаснува Неселрат.