1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сидата тивко се шири

Во Мексико Сити отворена е 17та светска конференција за борба против сидата. 27 години откако се појави болеста информираноста, превентивата и пристапот до лекарставата се главни мерки во борбата против овој непријател.

default

Треба да се делува и тоа веднаш

На конференцијата не се очекуваат шоканти изјави и покрај тоа што човечката катастрофа тивко продолжува. 33 милиони луѓе во целиот свет се инфицирани, вакцина не е на повидок, сепак барем се подобрија можностите за третман на болеста. За оние кои можат да си го пружат тоа. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун истакна дека повеќето од земјите се даелку од целта, до 2010 да им се озовоможи на сите луѓе пристап до лекарстава „За третман на ХИ-vирусот и сидата поребни се долгорочни и оддржливи финансии. Бидејќи се повеќе луѓе се лекуваат и живеат подоголо, буџетот мора значително да се зголеми.“

Децата со ХИВ сонуваат за нормален живот

И генералниот секретар на ОН смета дека се вознемирувачки приказните како оваа на 13 годишната Керен Дунаваи Гонзалез од Хондурас, која од раѓањето е заразена со вирусот „Ние децата со ХИВ сме овде и сакаме да остареме, имаме цели и сонови. Сакаме да станеме уметници, лекари или наставници. Јас сакам да бидам пејачка. Сакаме да се венчаме и да имаме сопствени деца. Но тоа може да го постигнеме ако добиеме нега што ни е потребна и неопходните лекарстава. Ако не прифатат во училиштата и ако ни овозможат да пораснеме без насилство, стигматизација и дискриминација.“

Сиромаштијата го забрзува развојот на вирусот

Сиромаштијата и работната миграција токму во Латинска Америка имаат се поголемо влијание врз проширувањето на ХИ вирусот, потврдува и Робин Лендис од светската програма за исхрана на ОН „При недоволна исхранетост болеста побрзо се развива. Оние кои немаат редовни оброци се повеќе изложени на опасност да се заразат: преку очајнички обиди да се преживее со тоа што сексот се заменува за храна.“

Аналфабетизмот и миграцијата го поттикнуваат развојот на сидата

Превентивните мерки на пример во Мексико земјата домаќин на кофенрецијата се повеќе се соочуваат со границите на општеството, католичката црква на пример и натаму е против употребата на кондоми. Во селата на Домородните староседелци во Латинска Америка вирусот се развива поради тоа што аналфабетите неможат да ги прочитаат летоците со информации истот е случај и со оние што не го говорат шпанскиот јазик.

Освен ова многу мажи одат на работа на Север „Ова е миграционен процес, потоа тие се враќаат во своите села со болеста. Најчесто тие се во брак, а жентие неможат да кажат да се користи кондом бидејќи тоа се толкува како знак на недоверба.“ вели Фелина Сантјаго Валдивисо, жена од редот на Домородните староседелци

Мотото на конференцијата е „Да се делува во целиот свет и тоа сега“. На неа нема да учествуваат државници и министри, туку на експерти и пред се активисти за борба против сидата.