1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Сидата и натаму е во залет

Со години бројот на заболените од сида има растечки тренд,во извештајот на Програмата на ОН за сида стоеше -во 2006 година од вирусот се заразени околу 40 милиони луѓе.Бројката во меѓувреме е 6 милиони помалку,реално е?

default

Светски ден на борба против сидата

Ниту во 2007 година не може да стане збор за намалување на бројот на луѓето инфицирани со вирусот од сида,намалувањето на бројката се должи на промени во статистиката заради воведување подобра датотека.

Африканските држави јужно од Сахара и натаму се најпогодени од подмолната болест,објаснува Кевин де Кук,директор на одделот за сида во Светската здравствена организација:

"Околу 68 проценти од луѓето инфицирани со ХИВ вирусот и 76 проценти од починатите од сида се во државите јужно од Сахара.Една третина од новоинфицираните се во осум земји",вели де Кук.

Во Африка,за разлика од другите континенти, се засегнати сите групи население.Во индустриските држави случаите на сида се концентрирани пред се на ризичните групи како хомосексуалци,зависници од дрога и проститутки.Нема подобрување ниту во Источна Европа и Централна Азија,во споредба со 2001 година има пораст од 150 проценти.Особено е загрижувачка ситуацијата во Русија и Украина.

И во Германија бројот на новоинфицирани од сида во однос на лани е зголемен.