1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сидата демне и во Македонија

Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, во Македонија досега се регистрирани 111 случаи на сида. 60 од заразените починале. Експертите предупредуваат дека црната бројка е многу поголема.

default

Потребна е претпазливост, особено кај младите

Прилепчанецот Стојан Конев стана парадигма на сидата во Македонија и на страдањата што ги предизвикува оваа болест. Тој уште пред 15- тина години го донесе вирусот од странство, ја зарази сопругата и двете деца, кои во меѓувреме починаа. Сега живее отфрлен од средината. Се мачи и се проколнува поради невнимателноста што му го уништи животот.

„Кај мене човековите права се нарушени и тоа нема да се промени“, вели Конев.

Prilep, Mazedonien

Случајот со Стојан Конев во Прилеп е керактеристичен

Нема чисто ризични групи

Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита во Македонија досега се регистрирани 111 случаи на сида. 60 од нив починале. Експертите предупредуваат дека црната бројка е многу поголема, бидејќи веќе не постојат ризични групи. Најпогодени се хетеросексуалците. Опасноста демне врз сите кои без заштита ќе се впуштат во сексуален однос. Во 2008 година се регистрирани 8 нови случаи на сида.

Националниот координатор за борба против оваа болест Марија Стефановиќ предупредува:

„Доминира хетеросексуалниот начин на пренос, доминира младата сексуално активна популација од 23 до 40 години. Притоа социјалниот статус е различен, од најнеобразовани до најшколувани лица, луѓе кои биле и патувале во странство, но и такви кои не излегле надвор од државата.“

Напори за справување со болеста

Во Македонија има 13 центри за советување и бесплатно тестирање за ХИВ - вирусот.

Правиме напори Македонија да биде во земјите со мал број случаи, вели министерот за здравство Бујар Османи.

„Нашите напори се во раната детекција со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот, а тоа го правиме во заедничка соработка и со меѓународни организации,“ вели министерот.

Аудио и видео прилози на оваа тема