1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сигурно вториот Металург брка победа за престиж против Силкеборг

Без разлика на резултатот од денешниот (24.02) дуел во Скопје против дански Силкеборг, македонскиот шампион со историски успех ќе ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите.

Ракометарите на македонскиот шампион Металург попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во славеничка атмосфера ќе го одиграат натпреварот од 10.коло од групата Ц од Лигата на шампионите.

Без разлика на исходот, Металург го има обезбедено второт место во групата, што е чекор напред во однос на лани и во осминафиналето ќе биде домаќин на реваншот. Услуга на тимот предводен од Лино Червар уште вчера му направи првопласираниот тим на табелата во групата Ц, полскиот Киелце, кој нагости го совлада директниот конкурент на Металург за второто место, словенечкиот Горење, со 29:25. Во осминафиналето можни противници на Металург се екипите од А групата: Чеховски Медведи, Динамо Минск и Атлетико Мадрид. Кој од овие три тима ќе заврши на третото место во следната фаза против Металург прво ќе игра на домашен терен, а во реваншот ќе гостува во Скопје.

Што се однесува пак до денешниот натпревар во Скопје тој и за двете екипи нема резултатска важност, што дава можност да се гледа убав натпревар. Силкеборг е екипа која заслужува почит, бидејќи во нивните редови има дури пет репрезентативци на Данска, кои на последното Светско првенство го освоија сребрениот медал.