1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сигурен настап на германските преставници во Лигата на шампиони

Вердер од Бремен на домашен терен го совлада Левски од Софија со 2:0. Баерн на гости во Лисабон, против Спортинг ја оствари третата победа. Славеше минимално со 1:0

Бразилското дуо на Вердер, Диего и Налдо

Бразилското дуо на Вердер, Диего и Налдо

Баварците триумфираа иако речиси половина натпревар играа без Бастијан Швајнштајгер кој беше исклучен во 47 минута. Инаку тој беше стрелец на единствениот гол кој падна во првото полувреме. Тренерот Феликс Магат секако е задоволен

“ Денеска сум многу задоволен, се разбира заради победата, но и одличната борбеност која ја покажавме во второто полувреме. Многу сум среќен што по три одиграни натпревари се наоѓаме на врвот на табелата со максимални девет освоени бодови, што ни дава големи шанси како први да вклеземе во наредната рунда натпревари“

Бразилското дуо Налдо и Диего беа творци на победата за Вердер.

Во останатите натпревари. Челзи оствари значајна победа против актуелниот европски шампион Барселона. Натпреварот го реши Дидие Дрогба со гол на почетокот од второто полувреме. Првата победа ја забележа Интер кој го совлада Спартак од Москва со 2:1

Галатасарај на домашен терен загуби од ПСВ Ајндховен со 2:0, на гостински терен триумфираше и Ливерпул кој со минимални 1:0 го совлада Бордо. Во групата Д- Валенсија Шахтјор 2:0, Олимпијакос Рома 0:1. Деенес на програмата се натпреварите во рамки на купот на УЕФА