1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сигнал на доверба од Белград и Тирана

Посета на албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета на Србија може да донесе нова ера во меѓусебните односи. Мета во Белград се сретна со српското раковдство, а го посети и Прешево.

default

Илир Мета

Посетата на заменик претседателот на албанската влада и шеф на дипломатија Илир Мета е прва на високо ниво во изминатите пет години. Таа претставува јасна определба на двете земји за европските интеграции и треба да испрати сигнал на доверба наспроти големите проблеми поврзани со независноста на Косово. Обете страни се договорија овој проблем да го остават на страна и да се обидат да ги развиваат понатаму односите на економски план и на полето на регионалната соработка, на што инсистира ЕУ. Домаќинот Вук Јеремиќ изјави дека разликите

Unabhängigkeit Kosovo Serbiens Außenminister Vuk Jeremic nach dem Treffen des UN Sicherheitsrates

Вук Јеремиќ

околу Косово не биле надминати со вчерашните разговори, но дека станува збор за обид тој проблем да се изолира, така што нема да ги отежнува во иднина меѓусебните односи.

Албанскиот експерт за надворешна политика и поранешен висок дипломат, Петраќ Појани за ДВ оцени дека посетата на Мета не треба да се меша со проблемот околу признавање на Косово: „Посетата не му причинува штета на основниот политички став на Албанија околу односите со Косово, кое ние го признаваме како независна држава. Напротив, оваа посета е многу важна бидејќи отвора простор за конкретна соработка на полињата кои придонесуваат за стабилноста на регионот, како што се економската соработка, борбата против организираниот криминал итн.“

Албанија и Србија тежнеат кон интеграција во ЕУ

По средбите со српскиот претседател Борис Тадиќ и двајца министри на српската влада, високиот гостин од Тирана отпатува во регионот на Прешево и Бујановац, каде живее големо албанско малцинство. Таму го придружуваше шефот на владиното координативно тело за југот на Србија, Милан Марковиќ. Илир Мета на средбите со највисоките претставници на локалната власт порача дека станува збор за „нов почеток во односите меѓу Албанија и Србија, што ќе се одвиваат во тесна соработка меѓу двете влади и локалните власти во Прешево и Бујановац. Мета исто така уште еднаш нагласи дека и Албанија и Србија сакаат да се интегрираат во ЕУ за да се отворат нови можности за просперитет. Но, од тоа нема ништо доколку нема загарантиран мир и соживот на сите заедници кои живеат на југот на Србија - порача шефот на албанската дипломатија на крајот од дводневната посета на Србија.

Автор: Арбен Мука/Горан Чутаонски/бета/миа

Редактор: Александра Трајковска