1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сибирскиот студ ја држи Европа во канџите

Зимата во Европа станува се‘ поопасна-околу 300 луѓе досега починаа од студ. Во Германија се измерени минус 29 степени, во Србија е прогласена вонредна состојба поради временска непогода.

default

Најзасегнати од студот-бездомниците

Делови од Европа се покриени со висока снежна покривка, стотици луѓе замрзнаа. Само во Полска ноќеска од последици од студот починале девет лица, со што бројот жртви се зголеми на 62, како што соопшти министерството за внaтрешни работи во Варшава.

Во Чешка општината Квилда на границата кон Баварија и натаму го држи рекордот во студ на земјата-минус 39, 4 степени Целзиусови. Во екстремниот студ на викендот починале пет лица.

Schneechaos in Rom Italien

Колосеумот во Рим под снег

Од студениот бран е погодена и Јужна Европа, во Италија има веќе дваесет жртви. Куриозитет претставува Колосеумот покриен со снег, глетка која не е видена неколку децении. На шпанскиот остров Мајорка, омилената летна дестинација на Германците, е измерена најниската температура последните 40 години, минус 5,7 степени.

Владата во Србија поради острата зима и неможноста да се справи со нејзините последици прогласи вонредна состојба поради временска непогода на целата територија. Во Србија се регистрирани десет жртви, еден човек во Ќуприја замрзнал во својот стан.

Најчести жртви на студот се бездомниците. Само во Украина „белата смрт“ однесе 131 живот, во Романија-34, а во Русија дури 64.

Рекордно ниски температури се регистрирани и во Германија, ноќеска (05.02.2012) во Укермунде во покраината Мекленбург Предна Померанија температурата се симна на минус 28, 7 степени.

Winter in Deutschland

Проблеми со речниот сообраќај во Германија поради мразот

Голем дел од реките во Германија замрзнаа па е во прекин делумно и речниот сообраќај.

Пожарникарите изричито предупредуваат да не се допираат метални замрзнати предмети. Три чешки момчиња минатата недела замрзнаа со јазиците на метални столбови, во обид да го лижат мразот. Пожарникарите успеале да ги ослободат од неволјата со помош на врели крпи.

Автор: ЖА/ СН/дпа/ртре

Редактор: Борис Георгиевски