1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се‘ што доведе до криза е и натаму можно

По четири квартали континуиран пад, германската економија повторно расте. Брутодомашниот производ, во вториот квартал годинава, е поголем за 0,3 проценти во споредба со првите три месеци. Но, ризици и натаму постојат.

default

Класичната шема за германскиот стопански пораст се одвива во три степена: прво заживува извозот, потоа се зголемуваат инвестициите, конечно се зголемува приватната потрошувачка. Резултатот е пораст врз база на сопствените достигнувања.

Извозот - двигател на пресвртот

Првото ниво е сега активирано. На пример, германскиот извоз во јуни се зголеми за седум проценти, што е најголемо покачување во последните, речиси, три години.

Deutschland Finanzkrise Börse in Frankfurt Ausverkauf

Веќе нема наведнати глави?

Изненадувачкиот пресврт на полето на конјуктурата се случи пред се’ благодарение на извозот. Но, конјуктурата ја поддржуваат и државните конјуктурни програми за субвенционирање на инвестиции во инфраструктурата, како и приватниот конзум. Тоа значи: ова конјуктурно опоравување не се одвива по класичната шема, туку со интеракција на повеќе фактори. Германското стопанство по вртоглавиот пад, најде побрзо излез од рецесијата отколку што се очекуваше.

Во вториот квартал, односно меѓу почетокот на април и крајот на јуни, стопанството забележа пораст од 0,3 проценти во споредба со претходниот квартал. Но, колку многу економијата се’ уште страда од финансиската криза, се покажува ако направиме споредба со вториот квартал минатата година. Така пресметано, брутодомашниот производ, значи сумата на сите стоки произведени во Германија, е понизок за 7,1 отсто. Тоа е најголемо опаѓање од крајот на Втората светска војна.

Конјуктурата забележа ненадеен и длабок пад. Дури и при споредбено силен економски пораст, ќе треба време, додека да се изедначат загубите.

Наредните месеци ќе покажат дали станува збор за стабилен тренд

Токму на почетокот на опоравувањето, конјуктурата минува низ турбулетни времиња, додека да се стабилизира полетот. На пример, по ненадејниот пад на конјуктурата минатата година, претпријатијата во земјата и во странство не се снабдуваа дополнително, туку за малкуте нарачки што ги имаа ги користеа постоечките залихи. Но, кога се потрошија залихите, магацините мораа повторно

Symbolbild Deutschland Optimismus

Оптимизмот полека се враќа во Германија

да се полнат. Тоа придонесе за пораст во изминатите месеци. Покрај тоа, помош дојде и од владините конјуктурни програми во речиси сите индустриски држави, како и во поголемите земји во подем. Ширум светот, со помош на овие програми се поддржуваат побарувачката на автомобили, како и државните инфраструктурни проекти. Притоа, германската економија не профитира само од конјуктурните програми на сопствената влада, туку и од стимулансите во другите земји.

Имено, автомобилите и инфраструктурата се производи, кај кои германското стопанство покажува голема продуктивност. Колку и да радува порастот на производството, дури наредните месеци ќе може да се види дали вториот квартал најавува стабилен тренд на пораст. Уште сега може да се предвидат значителни ризици. Многу банки, се’ уште се зафатени со прочистување на нивните биланси од гнилите кредитни зделки, така што може да се очекува значително заголемување на бројот банкроти на претпријатијата. Тоа значи: банките ќе бележат загуби поради позајмените кредити. Ако ова доведе до втора банкарска криза, економското заживување брзо ќе стане минато.

За жал, речиси и не беа извлечени поуки од кризата

Друг ризик е пазарот на трудот, кој досега остана поштеден од крах поради повеќепати подобруваните одредби за принуден одмор. Кога наскоро ќе заврши неговото времетраење и доколку дотогаш конјуктурниот

Symbolbild Rezession Bankrott Bank

Можни се нови банкроти - жално е што банките речиси и не извлекоа поуки од кризата

полет не се погрижи за значително повеќе вработувања, тогаш бројот невработени драматично ќе се зголеми. Тоа ќе ги зголеми дефицитите во јавните буџети и фондовите за социјално осигурување. Тоа, пак, ќе го заслабе приватниот конзум и - ќе ја задуши конјуктурата!

Конечно Германија, поради високата зависност од извозот е зависна и од опоравувањето на останатите пазари. Притоа, радува тоа што конјуктурата исто така се опорави, како во Франција, најважниот пазар за германската стока, така и во САД. Се разбира, не може да се предвиди дали наскоро американската економија ќе забележи толку силен пораст, за да ја поттикне светската конјуктура. Враќање кон старите односи, кои го одбележија последниот бум, не е пожелно. Имено „меурите од сапуница“ во финансискатата бранша и вонредно големата нерамнотежа во реалното стопанство беа причините за рецесијата. За жал, од пропаста речиси и да не се извлекоа консеквенции. Се’ она во финансиската бранша, што доведе до кризата, и натаму е можно.

Автор на коментарот: Карл Завадски

Превод: Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска