1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се шири допинг скандалот

Уште двајца доктори на германските велосипедисти признаа дека им давале допинг на членовите на тимот на Телеком. Докторите од Универзитетската клиника во Фрајбург Лотар Хајнрих и Андреас Шмит во поединечни изјави потврдија дека се вмешани во скандалот. До сега тројца поранешни членови на велосипедскиот тим на Телеком, Берт Диц, Кристијан Хен и Удо Болтс, признаа дека примале допинг во деведесетите години кога тимот беше најуспешен.