1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се чека ослободување на Стамболиски од притвор

Опозицијата се обидува да закаже парламентарна седница, но владата е официјално на колективен одмор.

default

Радмила Шеќеринска се врати во Македонија

Екс премиерот, Владо Бучковски, обвинет за финансиски малверзации, се жали кај Народниот правобранител дека без причина бил задржан на граница на враќањето кон Македонија. Второобвинетиот за истиот случај, армискиот генерал, Методи Стамболиски, чека судот да го ослободи од притвор.

Во земјата се врати и лидерката на опозициониот СДСМ, Радмила Шеќеринска. Таа предупредува дека власта не избира начин да ја дефокусира јавноста од важни безбедносни и корупциски прашања: ”...во период кога имаме напад или истрели врз полициска станица, кога имаме неколку безбедносни, ситни, но сепак, инциденти во околината на Скопје, кога имаме, најблаго речено, скандалозна продажба на ТЕЦ Неготино”.

Власта и‘ забележуваше на Шеќеринска оти додека земјата гореше во серија пожари, таа тераше одмор на Флорида. Шефот на СДСМ, возвраќа: ”За жал ВМРО ДПМНЕ не ни‘ дава во најава кои се‘ проблеми ќе ги направи во државата и нашите активности не можеме да ги планираме. СДСМ е сериозна партија и СДСМ како сериозна партија има малку подолгорочни планови. Но, ако продолжат со праксата преку ноќ да создаваат скандали, случаи, проблеми, ние навистина нема да треба да ја напуштаме државата. Пожарите треба да ги реши опозицијата или власта? Договорот меѓу Али Ахмети и Груевски, кој што Груевски се труди неколку месеци да го крие, да го релативизира, па потоа да се повлекува од договорот, не е дело на СДСМ, па СДСМ да го реши .”

Kriminalität: Handschellen

Доцна попладне претседателот на парламентот, Љубиша Георгиевски ќе има средба со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јани Макрадули, за да го утрвдат датумот и дневниот ред на итната седница на која ќе се расправа за одземањето на пратеничкиот имунитет на Владо Бучковски. Се очекува вечерва или утре, од притвор да бидат ослободени и останатите обвинети за истиот случај за кој е обвинет Бучковски, меѓу кои и поранешниот началник на генераштабот на македонската армија, Методи Стамболиски. Финансиската полиција ги товари за вршење сомнителни набавки за ресорот одбрана, со кои ја оштетиле државата за три милиони евра.

Поврзана содржина