1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се чека комисија за расветлување на инцидентите во Парламентот

Македонија се справува со новата политичка криза,а се појавија тврдења дека тука има терористички бази и раздвижување на вооружени групи кон Косово. На овие изјави одговори министерот за одбрана Еленовски

default

Во Македонија нема терористички бази ниту раздвижување на вооружени групи во делот кон Косово, тврди министерот за одбрана Лазар Еленовски коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ кој вчера во Обединетите нации предупреди дека во Македонија се собираат терористи од Косово.

„Не сме слушнале за вакви операции,посебно за дејствување од територијаод една држава во друга.мислам дека тоа е веќе минато за овој регион.Едноставно,се работи за нешто ви финалната завршница на косовското прашање.

Оваа изјава на Еленовски за безбедносната ситуација во земјата падна во сенка на тензијата што полека спласнува по серијата инциденти во Парламентот и нападите врз новинарските екипи.

ДУИ нема да учествува во работата на Собранието до расчистување на инцидентите

Попладне од пред споменикот на Скендер бег во центарот на Скопје ДУИ тргнува на мирен протест против насилството во Парламентот. Опозициската партија на Албанците нема да учествува во работата на Собранието се додека инцидентите што се случија во изминатите денови не ги испита анкетна комисија. Собраниската седница вчера заврши со иницијатива за формирање на таква комисија но власта и опозицијата не најдоа компромис за составот. Рафис Алити ја соопшти намерата на ДУИ

„Кога ќе се изготви Извештајот за настаните тогаш веројатно ќе се донесе одлука пратеничката група на ДУИ да учествува во работата на Собранието во пленарни седници и на космисиите,дотогаш нема да учествуваме.“

Неговата сопартијка Теуата Арифи ја повика шефицата на парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева да сведочи дека била нападната од претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Ќе бидам коректна,нема пред вас да ги кажам сите псовки,сите зборови што не доликуваат да бидат во устата на политичарите,на културните луѓе.

Груевски им се извини на новинарите

Премиерот Никола Груевски им се извини на новинарските екипи во вториот обид со својот тим да одржи прес конференција за да соопшти дека Македонија е рангирана на високото четврто место на листата најреформски економии што ја подготвува Светската банка.

Првата прес конференција не се одржа затоа што медуимите го бојкотираа Груевски.

„Сакам да ве информирам дека ние уште утрово ги презедовме сите можни мерки што една држава може да ги преземе во една таква ситуација кога е нападнат новинар.“

Политичките страсти во Македонија зовреа пред два дена кога во парламентот се степаа пратениците на ДУИ и на ДПА меѓусебе. Новинар на телевизија А1 беше нападнат од партиското обезбедување на ДУИ а најлошо во серијата инциденти мина снимателот на Телевизија Алсат кому полисиските алфи му скршија ребро.